Водителка на информативната емисија „Времја и новости“ на руската телевизија „Канал 1“, блиска до властите во Москва, зад чиј грб во понеделникот во директен пренос се појави Марина Овсјаникова, држејќи антивоена порака во рацете, е Јекатерина Сергејевна Андрејева, која има и црногорско државјанство.
Според податоците на Владата на Црна Гора, доставени до невладините организации, Андрејева добила црногорски пасош во 2011 година откако решението за тоа го потпишал тогашниот министер за внатрешни работи Иван Брајовиќ.
Андрејева често на социјалните мрежи објавува свои фотографии од Црна Гора, пренесува Бета.
Како што веста синоќа ја објавија медиумите во балтичките држави, а ја пренесоа и црнгорските, Андрејева покрај руско има и црногорско државјанство.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални во 2015 година, според РТЦГ, објавил дека Андрејева е државјанин на Црна Гора, а потоа изјавил дека таа е во брак со црногорскиот бизнисмен Душан Перовиќ. Перовиќ извесен период беше и шеф на претставништвото на Република Српска во Москва.
Во понеделникот, на 14 март, за време на емисијата „Времја“ чиј водител е Андрејева, Марина Овсјаникова се појави во рамката зад грб со натпис „Не на војната, запрете ја војната“.
Судот ја прогласи Овсјаникова за виновна за кршење на законот за протести, пренесе агенцијата „РИА“. Таа е казнета со 30.000 рубли, околу 250 евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.