Во понеделник на 21 март од 11 до 15 часот, во кафе „Аквариус“ во Охрид вашето омилено еспресо или макијато ќе можете да го платите со напишан стих.
НУ Библиотека „Григор Прличев“ и кафетеријата „Аквариус“ во соработка со издавачката куќа „Три“ и „АБВ дизајн“и „Монкафе“ традиционално го организира настанот „Напиши стих – купи кафе“ по повод Светскиот ден на поезијата, приклучувајќи и’ се на глобалната иницијатива, каде што со неколку ваши, кратки строфи можете да купите кафе. Размислувајте уште од сега и најдобрите стихови ќе ги наградиме. Се разбира наградите ќе бидат во книги а во АКВАРИУС ќе има и мала презентација на кнги од издавачот ТРИ од Скопје од кои дел ќе бидат оставени во наградниот фонд.
Формирана е комисија која дополнително преку социјалните медиуми ќе ги соопшти имињата на наградените.
На масите во „Аквариус“ ќе ве чека лист хартија и пенкало. Ваше е да напишете – најдобар стих и да оставите име презиме и ако сакате контакт за полесно да ве најдеме ако сте во наградените.
Најважно е да се дружиме, да бидеме креативни и да покажеме дека чувствата се повредни од парите. Секој е добредојден и уште отсега му се радуваме на вашето присуство, велат организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.