Незадоволни родители на ученици од СОУ „Гимназија Добри Даскалов“ од Кавадарци споделија видео на кое се гледа како нивните деца на екскурзијата во Франција го туркаат автобусот за да трне. Како што пренесува „Дума“, тие не се задоволни од превозот што скопската ТА „Дипломатик“ го ангажирала за реализација на екскурзијата. Сведочат дека проблеми се појавиле на почетокот на патувањето кога во Кавадарци дошле два автобуси, од кои еден, имал технички недостатоци иако поминал технички преглед во Скопје.

Директорката Јасмина Чулева за порталот изјави дека по првата интервенција во која бил направен вонреден технички преглед и обезбеден исправен автобус, за сега екскурзијата да се реализира без проблеми, дел од родителите не го делат истото мислење. Споделувајќи го видеото тврдат дека превозот морал да биде подобар и побезбеден.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.