Според некои стари руски традиции, се верува дека имињата можат да влијаат на судбината на една личност. Според нив одредени имиња се сметаат за непожелни за девојките, бидејќи се верува дека носат предизвици и тешкотии во животот.

Три од тие имиња се доста чести во Македонија:

Вера

Името Вера симболизира внатрешна сила и голема способност да се надминат тешкотиите. Но токму поради тоа, се верува дека девојките со ова име може да доживеат значителни пречки и предизвици пред да постигнат просперитет или успех.

Александра

Се верува дека девојките со името Александра често ќе се најдат во ситуации кога треба да се грижат за семејството и секојдневно да да се соочуваат со проблеми, дури и ако повеќе би сакале да прават нешто што ги исполнува. Овој јаз помеѓу желбите и обврските може да доведе до чувство на незадоволство.

Тамара

На Тамарите им се припишуваат предизвици како соочување со предавство и здравствени проблеми. Исто така, се верува дека е можно девојките со име Тамара да доживеат неуспеси во бракот, можеби дури и да станат вдовица или да се разведат. Ако Тамара повторно се омажи, таа може премногу да се врзе за партнерот, што може да доведе до тензија во врската поради нејзините стравови и сомнежи.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.