Средношколка од Тенеси, САД, двапати го испрскала својот професор со солзавец, откако тој ѝ го одзел мобилниот телефон за време на часот.

Видеото најпрво беше објавено на Редит, а лицето кое го објави таму тврдеше дека професорот ѝ го зел телефонот на девојката затоа што таа ги барала одговорите на задачите на Гугл.

„Врати ми го телефонот, врати ми го телефонот. Може ли да го добијам телефонот? Може ли? Ми треба телефонот“, упорно му повторува ученичката на еден од колегите на нападнатиот наставник.

Истиот професор бил удрен со тупаница во лицето пред околу два месеца, а Фокс њуз добила потврда дека по двата инцидента биле преземени дисциплински мерки согласно прописите на училиштето, односно дека случаите биле пријавени во полиција.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.