Човек кој спиел на плажа бил пробуден од силна болка во петицата. Болката била премногу силна за да биде само дел од сон, па ги отворил очите и си ја погледнал ногата. Очекувал да види некакво морско животинче, но не и огромен морски крокодил кој ја држел неговата нога во устата.
Инцидентот му се случил викендов на 65-годишен маж, кој бил во вреќата за спиење на Њуел Бич во австралиската држава Квинсленд, каде што кампувал. Околу 21 часот го разбудиле страшните болки, а неговите крици на останатите кампери во близина кои веднаш притрчале да му помогнат.
Среќа што во близина на плажата имало луѓе, кои веднаш дошле да му помогнат и го однеле во болница, изјавил за „Њуспорт“ Ворен Фаравеј, портпарол на кампот.
За среќа, мажот поминал само со рани по нозете.
Одделот за животна средина и наука е информиран за инцидентот и ги истражува деталите за случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.