Екипите за потрага и спасување во Ново Мексико, спасија 21 заглавено лице, кои преку ноќта останале заглавени во замрзнати гондоли од жичница.

Тие со хеликоптери и јажиња успеале да спасат 21 човек вработени во ресторанот на врвот од планината, кои по завршување на смената влегле во гондолите за да се спуштат. Дваесет од нив биле прво спасени, затоа што биле во една од гондолите, а потоа уште еден човек, кој бил сам во друга гондола.

Инцидентот се случи во близина на градот Албукерки, високо на планината Санди. Годолите сопреле поради замрзната главна сајла на жичницата. Никој од спасените не еповреден, но биле видно исплашени.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.