Банката Сантандер од Бостон на божиќното утро по грешка уплатила 155 милиони евра на 75.000 сметки, што ги изненади сопствениците на сметките, кои не знаеле кој ги уплатил парите.

Вработените во банката се обидуваат да ги вратат парите, но тој процес го отежнува тоа што голем дел од трансакциите се направени на сметки на други банки.

Во соопштението на банката се наведува дека се водат разговори со банките кои ги примиле плаќањата, како што се Беркли, ХСБЦ, Нетвест, Кооператив банка и Вирџин Мани банка. Според соопштението, тие банки навеле дека „ќе се обидат да ги вратат парите од сметките на своите клиенти“.

Сепак, не се знае како ќе постапат банките во случај нивните корисници веќе да ги потрошиле парите, бидејќи враќањето може да доведе до незаконски минус на сметките.

Сантандер банката навести дека може да го надмине проблемот со тоа што нејзините вработени директно ќе контактираат со луѓето за да ги вратат парите што им биле уплатени по грешка.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.