Сопругата на Стоктон Раш, директорот на ОушнГејт, кој беше на чело на подморницата Титан кога исчезна во неделата, е роднина на двајца богати патници кои загинаа во бродоломот на Титаник во 1912 година.
Венди Раш е правнука на Исадор Штраус и Ајда Штраус. Тие беа ко-основачи на стоковната куќа Мејсис и меѓу најбогатите луѓе на трансатлантското патување на Титаник.
Откако бродот удрил во сантата мраз, двајцата застанале рака под рака. Така, во хит филмот „Титаник“ од 1997 година, една постара двојка беше прикажана како се држат еден со друг во кревет додека водата надоаѓаше околу нив, објави Тајмс.
Да потсетиме, пет туристи тргнаа во авантура која требаше да ги однесе до потонатиот брод Титаник и подморницата добро се држеше. И оттогаш и се губи секаква трага. Тоа беше во неделата. Снабдувањето со кислород е доволно за четири дена, што значи дека среда е критичниот ден во кој треба да ги најдат. Не е јасно зошто исчезнала подморницата. Подморниците и искусните нуркачи претпоставуваат дека таа се заплеткала во каблите на Титаник. Екипажот се состои од извршниот директор на Oceangate, Стоктон Раш, британскиот милијардер Хамиш Хардинг, пакистанскиот бизнисмен Шахзада Давуд и неговиот син Сулеман и францускиот истражувач Хенри Наргеолет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.