Словенечкиот новинар Борис Томашиќ постави нов Гинисов рекорд за најдолго непрекинато телевизиско шоу. Томашиќ, кој е ѕвезда на десничарската телевизија Нова24ТВ, ја водеше својата емисија неверојатни 73 часа, 23 минуи и 21 секунда. Со тоа, тој го надмина претходнот рекорд од 72 часа и 18 минути.

Емисијата започна во недела, 24 септември, во 18 часот, а заврши во среда, 27 септември, по 19 часот. Томашиќ имаше 70 гости од разни области, како и жива публика. Емисијата се емитуваше и на Јутјуб. Нова24ТВ е критичар на власта на премиерот Голоб, и се соочува со закани за нејзино укинување, исто како и десничарското списание Демокрација. Во моментов во Словенија е во тек уназадување во службата на новинарите на државната телевизија кои се сметаат за критички настроени кон власта, за што реагираше и Европскиот Парламент.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.