Со порака до сите за поголем фокус кон здравите навики и важната улога на танцувањето во општеството и светот на младите, стотиците танчери од Break A Leg Studio, Aqua Dance Club, Eat The Beat и Dansa Latina Stefi, со модерна кореографија и уникатен танцов настап на Can’t Stop the Feeling од Џастин Тимберлејк, — и официјално го најавија претстојното Европско првенство во танци.
Оваа година, Скопје е домаќин на ова првенство (IDO European Hip-Hop & Boogie Championship 2022), кое ќе се оддржи од 01.07.2022 до 05.07.2022 во Ист Гејт Мол и СЦ Јане Сандански.
Како најпопуларна дестинација за сите млади во земјата и пошироко, во екот на летото, Ист Гејт Мол со отворени врати ќе ги спои најталентираните танчери од цела Европа на едно место. За време на првенството ќе се натпреваруваат преку 2500 танчери од 20 земји од Европа во различни танци, и тоа во неколку видови на состави, — соло, дуо, групи и формации, како и машки и женски категории поделени на, — детски, џуниор и возрасни.
Нема подобар начин да се извлечеме од ригидноста на секојдневната монотонија и стрес, од танцувањето и забавната ведрина на младиот дух. Танцот е особено важен и во создавањето на здрави генерации со огромен број на придобивки, како физички, психолошки, така и социолошки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.