Како никогаш досега за зимава ни е битно дали ќе биде степен поладно или потопло. Ширум Европа се следат најновите прогнози за тоа што носи следната сезона и каква зима нè очекува.
Српскиот метеоролог Иван Ристиќ открива што значи за Балканот тоа што снегот годинава порано дојде на Сибир и во Канада.
На Сибир и во Канада веќе падна снег и тоа повеќе од просекот за овој период, што покажува дека зимата ќе биде постудена од вообичаено. Сибирскиот снег влијае на климата на северната хемисфера и го блокира потоплиот воздух од Атлантикот кој не може да стигне до Европа. Според нашиот пресек, на Балканот нè очекуваат постудени периоди на почетокот и на крајот на ноември, потоа многу студено и со многу снег време во првата половина на декември. Втората половина на декември ќе биде потопла, а во текот на јануари и февруари ќе има многу снег. Сигурно нè очекува силна зима, смета Ристиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.