Предрасудите кон жените зад воланот не се невообичаени, а најчестиот аргумент е дека тие се значително поопасни на патиштата. Сепак, дали е навистина така?
Статистиката за сообраќајните несреќи и бројот на загинати луѓе на британските патишта, објавени од ThisisMoney, откриваат дека патиштата би биле многу побезбедни доколку само жените возат автомобили.
Официјалните бројки покажуваат дека лани 658.711 возачи биле осудени за сообраќајни прекршоци. Само 18 отсто биле жени.
Мажите направиле 539.142 од вкупниот број сообраќајни прекршоци во 2022 година наспроти само 119.569 женски возачи.
Возењето под дејство на алкохол е една од најопасните работи што возачите можат да ја направат, а официјалните бројки покажуваат дека е прекршок што мажите го прават многу почесто од жените. Од 35.388 пресуди поврзани со алкохол минатата година, мажите добиле 28.399, а жените 6.989. Тоа значи дека четири од пет случаи на ваков вид прекршоци биле сторени од мажи возачи.
Кога станува збор за осудите за возење под дејство на дрога, жените повторно прават многу помалку прекршоци. Од 22.793 евидентирани пресуди, 20.684 (90,7 отсто) биле мажи наспроти само 2.109 жени.
Истото важи и за опасно возење. Од вкупно 5.172 пресуди евидентирани во 2022 година, 4.952 биле мажи, а само 220 жени.
Друга главна причина за несреќи и жртви на британските патишта е брзото возење, и повторно, ова е тип на прекршок доминиран од мажи. Од 229.150 казни, имало 174.884 мажи и 54.266 жени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.