Сопруга на милионер од Саудиска Арабија на социјалните мрежи открива како изгледа нејзиното секојдневие и споделува детали од нејзиниот живот со близу еден милион следбеници. Соуди, сопруга на милионер, откри дека деновите ги поминува средувајќи си ги косата и ноктите и дека кога ќе се дотера сака богат оброк. Нејзиниот сопруг Џамал редовно ѝ дава пари за трошење за да го финансира нејзиниот луксузен начин на живот, пишува „The Sun“.
Во една од последните снимки на Тик Ток, Соуди опиша една од нејзините вечери. Имено, таа го поминала пиејќи коктели со 24-каратно злато, врвен оброк, а сето тоа го платил нејзиниот сопруг.
View this post on Instagram
Ова е ден од животот на богата домаќинка која живее во Дубаи. Се разбудивме утрово и Џамал рече дека ќе биде зафатен со работа, па ми даде пари и секако отидов во салонот за убавина. Му се допаѓа кога се грижам за себе и ги трошам неговите пари на мојот изглед. Избрав супер едноставен дизајн на нокти и тој потоа дојде да ме земе. Ми рече да си ја средам косата додека тој работи друга работа. После тоа ми кажа дека сака да ме изненади, па се вративме дома и се пресоблековме, вели таа во видеото.
Во видеото, таа подоцна покажа обетки за кои вели дека Џамал ги дизајнирал специјално за неа, бидејќи, како што вели, тој само сака да ја разгали. Потоа Џамал ја однел во скап ресторан каде нарачале коктели со 24-каратно злато. Џамал дури најмил пејачка да ја пее нејзината омилена песна.
@soudiofarabia Princess treatment is what I need fr ✨ #dubai #fyp #ksa #foryou ♬ Calm Down – Rema & Selena Gomez
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.