Средната возраст на населението на ЕУ лани била 44,4 години, што е зголемување за 2,5 години во споредба со 2012. Во Македонија, пак, просечната возраст е 41,1 година, а една деценија претходно била 36,4, покажуваат податоците што ги објави Евростат.
Најмладо население во ЕУ има Кипар со просек од 38 години, а најстаро Португалија (46,8) и Италија (48 години).
Во периодот од 2012 до 2022 година, средната возраст на населението се зголемила во сите членки на ЕУ, освен во Шведска, каде што се бележи намалува од 40,8 на 40,7 години.
Од земјите во регионот, најстаро население има Грција каде што просечната возраст е 46,1 година, Хрватска со 45,4, Бугарија 45,1, Србија 44,1. Најмлада популација имаат Црна Гора 39,4 и Албанија 38 години, но и таму во изминатата децени е регистриран раст на средната возраст за 2,5 односно 4,8 години.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.