Малолетниот син на некогаш славната пејачка Шинејд О’Конор бил пронајден мртов. Пејачката преку „Твитер“ потврди дека починал нејзиниот 17-годишен син Шејн.
Мојот прекрасен син Невим Неста Али Шејн О’Конор, светлото на мојот живот, одлучи да ги прекине овоземните маки и сега е со Бог. Нека почива во мир и никој да не го следи неговиот пример. Мое бебе, те сакам многу, напиша пејачката.
My beautiful son, Nevi’im Nesta Ali Shane O’Connor, the very light of my life, decided to end his earthly struggle today and is now with God. May he rest in peace and may no one follow his example. My baby. I love you so much. Please be at peace:
— Sinead The 1 And Only (@OhSineady) January 8, 2022
Шејн во четвртокот исчезнал од болницата каде бил на испитување поради сомнеж дека би можел да изврши самоубиство. Набрзо по неговото исчезнување, алармирана е полицијата, а пејачката се заканила со тужба за болницата од која избегал нејзиниот син.
Телото е пронајдено во округот Брех на 7 јануари 2022 година и во прашање е Шејн О’Конор, соопштено е од полицијата за британските медиуми.
Татко на тинејџерот е ирскиот музичар Донал Луни.
И самата Шинед имаше неколку испади и закани дека ќе си го одземе животот. Во 2018 година реши да премине во ислам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.