Продолжениот викенд ја испразни Македонија.

Граѓаните уште од попладнево завршувајќи од работа се упатија кон граничниот премин „Богородица“ каде во моментов има најмногу гужва од сите премини низ државата.

Македонците масовно го користат убавото и топло време да го поминат на море во соседна Грција.

За Задушница Македонија и Скопје очигледно ќе се испразни, а за следниот споен викенд малку ќе почекаме подолго, бидејќи ни доаѓа дури во септември и тоа на денот на државноста, 8 – септември.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.