Тони Ганет (29) од Бредфорд, ја остави својата сопруга Лорона (28), откако се заљубил во Софија Каркадијм, украинска бегалка која го напуштила родниот Лавов на почетокот на инвазијата.
Чуварот сакајќи да помогне се пријавил во владината програма за помош на украинските бегалци, но кога не добил одговор од нив, станал нетрпелив и побарал помош на социјалните мрежи.
Таа ја нападнала Софија
Тие ја примија Софија во нивниот дом, а нешто повеќе од седум дена откако таа пристигнала, Тони ставил точка на бракот и решил да започне нов живот.
– Се започна со едноставна желба да се направи вистинската работа и да се даде покрив над главата на некого во неволја, маж или жена.
– Ситуацијата кулминираше минатата сабота кога Лорона ја нападна Софија, викајќи по неа, употребувајќи некој груб јазик што ја расплака. Таа рече дека не може повеќе да остане под нашиот покрив и нешто „пукна“ во мене. Жал ни е за болката што ја предизвикавме, но со Софија имам врска каква што немав – изјавил тој.
Кај неговите родители
Неговата нова партнерка Софија (22) рекла дека „такви работи се случуваат“. На поранешната партнерка на Тони, Лорона, и здодеал блискиот однос со Софија бидејќи тие двајца заедно оделе во теретана и со часови разговарале на паркинг. Таа на крајот му наредила на нивниот гостин да замине, но била запрепастена кога Тони објавил дека и тој заминува, а парот се сместил во куќата на неговите родители.
Тие сега се заедно во процес на пронаоѓање нов дом.
Најновите податоци покажуваат дека повеќе од 33.000 бегалци од Украина сега се во Велика Британија под заштита на различни семејства. Украинската пратеничка Лесија Василенко синоќа изјави дека е загрижена за бегалците доколку домаќините ги избркаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.