Татко на две деца од Велика Британија ја напуштил својата партнерка откако се заљубил во 22-годишна украинска бегалка, на која ѝ понудиле привремено сместување. Тони Гарнет (29) и неговата партнерка Лорна (28) ја примија Софија Каркадим во нивниот дом на почетокот на мај, но само 10 дена подоцна, нивниот навидум среќен брак пропадна откако Тони побегна со бегалката.

Гарнет, кој рабти како обезбедување, признал дека се заљубил во 22-годишната девојка и дека сака да го помине остатокот од животот со неа. Софија, која побегна од Лавов, рекла дека ѝ се допаднал Тони на прв поглед и дека сега ја живеат својата љубовна приказна.

Тони вели дека е свесен дека со оваа постапка ѝ нанел голема болка на сопругата Лорна, но тврди дека со Софија „открил врска каква што никогаш досега немал“, додавајќи дека тие двајцата „чувствуваат дека ова е во ред“.

Семејството ја прифатило Софија која побегна од руската инвазија. Таа била првата личност што ги контактирала преку Фејсбук страница на која понудиле сместување за украинските бегалци.

Софија, која по професија е менаџер во ИТ фирма,слетала во Манчестер на 4 мај, откако неколку недели во Берлин чекала виза за Англија. Тони за тамошните медиуми откри дека веднаш кликнале, а Софија им се допаднала и на неговите ќерки, кои имаат три и шест години. Но, на неговата партнерка, со која Тони беше заедно 10 години, Софија не ѝ се допаднала. Сега е јасно зошто…

image

Тони и Софија комуницирале на украински и на словачки, кои се доста слични, па лесно можеле да се разберат. Меѓутоа, Лорна не разбрирала што зборуваат.

Одлично се согласувавме, но во тоа време немаше ништо повеќе меѓу нас – иако сега гледам зошто Лорна почна да биде љубоморна и лута на неа, рече Тони.

Како што минувале деновите, Софија му се придружила на Тони во неговата теретана, па често долго разговарале во неговиот автомобил на враќање. Тогаш почнале и повеќе да се зближуваат.

Дома сфатив дека наоѓаме изговори да се допираме или гибаме, имаше многу флерт, но ништо повеќе од тоа не се случи во таа фаза. Иако се беше прилично невино, тоа предизвика кавги. Можам да го разберам тоа. Кога се враќав дома навечер, Софија беше таа што ми го подготвуваше вечера, вели Тони.

Како што двајцата се зближувале, неговата партнерка станувала сè пољубоморна и почнала да прашува зошто Софија цело време го следи.

Атмосферата стана навистина лоша и Софија ми рече дека не знае дали би можела да продолжи да живее со нас под тие околности. Лорна никогаш не била претерано ентузијастичка да примиме бегалци во нашиот дом, бидејќи тоа значеше дека нашите ќерки мора да спијат во една соба, вели Тони.

Работите се вжештиле по жестоката кавга меѓу Лорна и Софија, кога Украинката му рекла повеќе не може да живее во иста куќа со Лорна.

Тони вели дека тогаш „нешто му кликнало во главата“ и ѝ рекол на Лорна – „ако таа оди, одам и јас“.

Двајцата ги спакувале куферите и се преселиле кај родителите на Тони, а моментално бараат место за да се вселат.

Откако нивната 10-годишна врска заврши за само 10 дена, Тони вели дека се чувствува лошо поради тоа и дека Лорна не е виновна за ништо.

Многу ми е жал за она низ што минува Лорна сега, не беше таа виновна и не е дека згрешила нешто. Но никогаш немавме намера да го направиме тоа, не беше планирано и не сакавме никого да повредиме, заклучува заљубениот Тони.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.