Жена која ја обожава серијата „Stranger Things“ стана жртва на измама во која започнала онлајн романса, се разделила од сопругот и испратила пари во вредност од 10.000 долари на некој што се претставува како актер од серијата.
Мекејла е филмаџија и самохрана мајка од Кентаки, која вели дека имала „многу токсични“ односи со нејзиниот сопруг, па затоа се приклучила на форумот за филмаџии за да запознае нови луѓе, според видеото на каналот „Јутјуб“ „Катфишед“.
„Неверојатно сум возбудена што можам да се поврзам со колеги филмаџии кои ја делат истата страст за уметноста на снимање филмови. Моментално барам можност за креативна соработка и верувам дека заедно можеме да создадеме нешто извонредно“, напиша таа на форумот.
Таа доби порака од корисник по име DK.MH кој сакал да разговара со неа и тврдел дека е познатиот актер Дејкре Монтгомери кој го глумеше Били Харгроув во серијата „Stranger Things“. Инаку, „D K M H“ е името на збирката поезија на Монтгомери.
„Ептен кликнавме, но секако бев сомничава додека не почна да прави работи што ме натераа да му верувам“, изјави Мекејла.
Иако никогаш не се запознале лично, Мекејла вели дека „Монтгомери“ секогаш се жалел на неговите љубовни проблеми. Некои од нив се дека неговата девојка Лив Полок ги контролирала сите негови банкарски сметки и дека имал финансиски проблеми, што на крајот довело до тоа Мекејла да му испрати на „Монтгомери“ 10.000 долари.
„Тоа е тема со која се зближивме, со месеци ми велеше дека партнерката го контролира и дека не ги прави работите што сака, дека таа е секогаш тука и се грижи за него“, вели Мекејла, која се поистоветувала со овој човек. .
Сочувствував со него затоа што мојот поранешен сопруг беше таков“, рече таа.
По една година допишување, „Монтгомери“ ја праша Мекејла дали ќе му биде девојка, иако никогаш лично не се запознале.Тој и кажал дека врската ќе биде тајна бидејќи се уште е во врска со Полок.
Во еден момент, измамникот и поставил ултиматум на Мекеј да избере меѓу него и нејзиниот сопруг.
„Слушај, ова не функционира. Не ми дозволуваш да бидам јас, не сум слободна, мора да си одиш“, му рекла Мекејла на својот сопруг тогаш, а откако го оставила, измамникот побарал од неа нешто друго.
„Можеби ми треба мала помош со парите на мојата кралица…Лив ги контролира сите мои сметки и јас немам пристап до нив“, напиша „Монтгомери“, а Мекејла му праќаше картички за подарок, плати 100 и 200 долари преку апликации и криптовалути, што е тактика што ја користат измамниците за да го отежнат следењето на парите. Збирот на овие суми со текот на времето достигнал и до 10.000 долари.
Откако ја разгледале приказната на МекКејла, истражувачите откриле дека за жал се работи за личност која е „романтичен измамник“ Тие воспоставуваат врска со некого за да ги направат ранливи и си играат со чувствата на другите луѓе за да добијат финансиска корист од таквата врска.
Мекејла сега не сака другите луѓе да станат жртви на ваков вид на измама.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.