По кратко боледување, на 86-годишна возраст во Скопје почина познатиот македонски бизнисмен, Никола Палигора.

Палигора е роден во 1935 година во Маловиште, Битолско и еден од личностите кој остави силен белег во периодот на обновување на Битола.

Беше директор на „Металец“, а потоа и на важни функции во „Технометал Вардар“. Во периодот од 1980 година до 1984 година беше претставник на компанијата во Лондон, а од 1984 година до 1989 година во Москва.

По пензионирањето почна сопствен бизнис што прерасна во семеен, кој успешно го водеше до неговата смрт.

Погребот на Никола Палигора е закажан за утре (1 август) на градските гробишта Бутел во 09:30 часот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.