Почина новинарот, поет, есеист и хроничар на Кочани, Киро Герасимов синоќа, во 72-рата година од животот.

Повеќе од три децении Герасимов беше дописник на Македонската радио-телевизија и зад себе остави бројни записи за локалните и за регионалните општествено-политички случувања. Подготви бројни репортажи и документарни емисии посветени на луѓе и настани од Кочанско.

Автор е на седумдесетина дела, од кои голем дел се посветени на културниот живот на Кочани. Има издадено и неколку поетски збирки, меѓу кои и препеви од словенечки јазик, а последните години работеше на едицијата „Богатство запишано во времето“.

Добитник е на Годишната награда за новинарство на МРТВ, на Седмосептемвриската награда на Кочани и на други награди и признанија.

Посмртните останки ќе бидат погребани в четврток, на 19 мај 2022 година, на Градските гробишта во Кочани.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.