По турбулентната 2022 година, која ја вклучи инвазијата на Украина, инфлацијата што следеше како резултат на војната, како и ефектите од глобалното затоплување кои се видливи во сите делови на светот, постојат стравувања дека 2023 година може да биде и полоша.

Францускиот астролог – Нострадамус е познат по своите мрачни прогнози, а токму тоа го најавува.

Можеби најважното предвидување на Нострадамус за 2023 година беше токму почетокот на „големата војна“, толкувана од оваа реченица:

„Седум месеци од Големата војна, луѓе мртви за правење зло“.

Некои тоа го протолкуваа како неизбежна ескалација на украинскиот конфликт во Трета светска војна.

Дописникот за футурологија на „Дејли стар“ на тој начин понуди совет што може да ги објасни овие предвидувања.

„Седуммесечното времетраење на конфликтот на почетокот може да изгледа како причина за славење, но со оглед на огромниот нуклеарен арсенал на земјите вклучувајќи ги Америка и Русија, можеби е најдобро да се биде претпазлив. Парижаните би било добро да се затворат во Руан додека работите се смируваат“, вели тој, пишува „The Guardian“.

Меѓу 1547 и 1555 година, Нострадамус наводно му прорекол 942 поетски катрени на својот асистент додека бил опиен со морско оревче, кое предизвикува халуцинации кога се зема во големи дози.

Иако многумина го исмеваа поради тоа, Нострадамус триумфираше, па неговата никогаш необјавена книга Les Prophéties е од големо значење денес, особено затоа што многумина веруваат дека тој го предвидел егзекуцијата на Чарлс I, Големиот пожар во Лондон, Француската револуција. подемот и падот на Наполеон и Хитлер, атентатот на ЏФК, атентатот на Беназир Буто, нападите од 11 септември, масакрот во Париз во 2015 година, дури и абдикацијата на кралот Чарлс III.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.