Wu-Tang Clan, најголемата рап група на сите времиња, ќе ја предводи големата прослава на 50 години на хип-хоп културата на ЕГЗИТ фестивал! Ним, и на веќе објавените имиња кои ги предводат The Prodigy, Viagra Boys, Keinemusik, Indira Paganotto, Hot Since 82, CamelPhat, LF System и Vintage Culture, им се придружуваат Alesso, Dimitri Vegas & Like Mike, Chase & Status, Sofi Tukker, Claptone и Burak Yeter! „Егзит“ ќе биде одржан од 6 до 9 јули 2023 година на Петроварадинската тврдина, една од најдобрите фестивалски локации на светот.

Основачот и директорот на ЕГЗИТ фестивал Душан Ковачевиќ го истакна значењето на Wu-Tang Clan и нивното гостување на Петроварадинската тврдина: Егзит ќе биде едно од главните места на големата светска прослава на 50 години хип-хоп, за која осигуравме ѕвезди кои ова лето на Петроварадинската тврдина ќе ги соберат фановите од сите краеви на светот! Осум албуми продадени во над 40 милиони примероци, улица во родниот Њујорк, распродадени стадиони, арени и главни бини на најголемите светски фестивали, го потврдуваат феноменот на Wu-Tang, чии членови и поединечно се рап ѕвезди сами по себе“.

Wu-Tang Clan, новиот голем хедлајнер на ЕГЗИТ фестивал, длабоко ја промени хип-хоп играта, и тоа веќе со деби албумот „Enter The Wu-Tang (36 Chambers), чии 30 години исто така ќе бидат прославени во Нови Сад. Оваа група првата деценија постоење ја обележа како најлудата, највлијателната, најавангардната и најдобрата група на деценијата, напиша магазинот „Ен-Ем-И“ во 2005 година, а тој опис и денеска остана статус кво. Истовремено, славниот „Ролинг Стоун“ ги нарече „најдобрата рап група било кога“, „Ен-Ем-И“ додава дека „засекогаш го променија хип-хопот“, а „Билборд“ го дефинира нивното значење со едноставен опис: „Wu-Tang е вечен“.

Стокхолмскиот продуцдент и диџеј Alesso зад себе има ѕвездени соработки со имињата како што се Calvin Harris, дуото HurtsDavid Guetta, Tove Lo и Katy Perry, а со неговото доаѓање на ЕГЗИТ се продолжува ѕвездената низа настапи на најпопуларните диџеи на светот на Главната бина! Двократните прваци на престижната „Диџеј Маг“ листа на најдобрите светски диџеи Dimitri Vegas & Like Mike на „Егзит“ прославуваат две децении апсолутна доминација на електронската сцена! Повеќекратно наградуваните драмендбејс легенди Chase & Status со ланскиот албум What Came Before“ потврдија дека составен дел на сѐ што имаат создадено е исклучителната доследност, која им го осигура местото на самиот врв на музичката игра.

Џангл-поп дуото Sofi Tukker познато е по енергичните настапи во живо со кои стигна до „Коачела“, „Лолапалуза“ и „Гластонбери“, а ова лето премиерно пристигнува и на ЕГЗИТ фестивал! Мистериозниот Claptone со првиот албум Charmer“ собра повеќе од 60 милиони слушања на платформата „Спотифај“, а неговиот успех е крунисан со трикратно признание за најдобар хаус изведувач на „Ibiza DJ Awards“ и пласман на Битпортовата листа на десет најпродавани изведувачи. Во програмата се придружува и Burak Yeter, турскиот продуцент, хитмејкер и диџеј со речиси милијарда стримови само на „ЈуТјуб“. Силниот бас звук дополнително ќе го засили драмендбејс селекторката и диџејка Charlie Tee.

„EXIT 2023“ ќе се одржува од 6 до 9 јули 2023 на Петроварадинската тврдина во Нови Сад, Србија. Влезниците може да се набават онлајн на фестивалскиот сајт, како и преку МкТикетс , по промотивната цена од 3999 денари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.