Двојничката на кралицата Елизабета Втора, изјави дека „од почит“ кон најдоловечната британска владетелка, која почина во четвртокот, одлучила да се откаже од досегашната работа после 34 години, но дека и понатаму ќе ја чува својата кралска облека во знак на сеќавање на жената која, како што вели, ја доживувала како член на семејството.

Мери Рејнолдс (89) која живее во Епинг во Есекс, прв пат стана двојничка на кралицата во 1988 година, но всушност, прв пат и рекле дека изгледа како кралицата Елизабета уште кога имала 17 години.

Големата сличност со кралицата Елизабета, на Мери и донесе улоги на телевизја и на филм. Една од нејзините најистакнати моменти е главната улога во комедијата Bullseye od 1990 во која мери глумеше заедно со Роџер Мур.

Рејнолдс на новирарите им рекла дека е среќна што изгледа како британската кралица, но дека по смртта на Елизабета Втора, решила да се откаже од досегашната работа, од почит кон неа и дека таа одлука ја прави многу тажна.

Штотуку се преселив во нова куќа. Имам две полни кутии со шешири и токму размислував каде да ги сместам и тогаш сфатив дека повеќе нема да ми требаат, вели двојничката на кралицата Елизабета.

Таа истакнува дека најверојатно ќе ги задржи сите свои „кралски“ облеки бидејќи тие долго време биле дел од нејзиниот живот. Мери Рејнолдс на новинарите им открила и дека веќе долго во својот дом има два плакари – едниот за нејзините сопствени облеки, а другиот за оние на кралицата, од кој понекогаш со задоволство позајмува некоја облека кога има свечени настани.

Иако никогаш во живо не ја запознала Елизабета Втора, Мери Рејнолдс вели дека секогаш ги следела сите важни настани во животот на кралицата.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.