На Кеј Македонија во Охрид почнаа да функционираат хуманитарните паркинзи.
Граѓаните преку плаќање за паркинг ќе донираат во хуманитарни цели. Средствата кои ќе бидат собрани од наплатата на паркинг ќе се донираат онаму каде што тоа ќе биде најпотребно.
За почеток се предвидени две паркинг места, а во иднина нашата цел е проширување на повеќе локации низ градот.
Охрид е првата општина во Македонија која воведува хуманитарни паркинг места, напиша на својот фејсбук профил градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.