Горан Цветановиќ им се обрати на медиумите по петицијата на здружението Лесковац да се соберат пари за да и се даде на пејачката да не им пее на отворањето на овогодинешната Роштилијада.

Темата за отворањето на Роштилијадата во Лесковац е актуелна во сите медиуми изминативе неколку дена. Имено, на овој настан било планирано да пее Јелена Карлеуша, но лесковачани сметале дека сумата од 20.000 евра за настап е преголема, а има поважни работи на кои треба да се пренасочат парите.

Поради оваа причина, Движењето за Лесковац на Фејсбук покрена петиција да се соберат 20.000 евра за да не пее Јелена Карлеуша, кои во случај пејачката да ги одбие, ќе бидат пренасочени во хуманитарни цели. Се огласи друго здружение, кое бара дел од парите наменети за нејзиниот настап да се пренаменат за проекти од значење за граѓаните.

Градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ, застана во одбрана на пејачката и одговори што мисли за претходните осуди на Карлеуша.

Јелена Карлеуша е госпоѓата што го поддржала Чеда Јовановиќ, но таа жена пее и каква врска има тоа со политика не знам. Баш би сакала да соберат пари, еве велам, колку ќе соберат, јас ќе дадам дупло.

Слична ситуација се случи и на претходната Роштилијада, кога граѓаните се бунтуваа поради парите дадени за настапот на Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Па, истите тие луѓе доаѓаат да ја гледаат и слушаат Јелена Карлеуша, додаде тој.

Цветановиќ откри и колку пари земаат ѕвездите за вакви настапи. Тој изјави дека Милица Павловиќ претходно барала 10.000 евра, а по објавувањето на новиот албум 15.000 евра.

Марија Шерифовиќ побара 25.000 евра, мислам дека е премногу, но треба да се донесе ѕвезда која е вистинска ѕвезда, бидејќи ѕвездата секогаш се носи и на првата и на последната вечер. Знаете Јелена Карлеуша има милион и пол, до два милиони следбеници, тоа мора да го почитуваме, не знам ниту една песна, ниту на Цеца, ниту на Брена, но ги почитувам затоа што се навистина ѕвезди, имаат своја цена, цената е каква што е, заклучи градоначалникот на Лесковац.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.