На социјалните мрежи се појави видео кое покира многумина. Патник на брод за крстарење спуштил камера во морето и снимил се што се случува околу бродот, а луѓето не можат да го видат.

Грчки фотограф, кој редовно поставува содржини на „Јутјуб“, објави видео снимено од неговата ГоПро камера што ја фрлил во морето, а на ноќната снимка се гледа како неколку ајкули излегуваат од морничавата темнина.

Корисниците на социјалните мрежи во коментарите пишуваат дека сцената е страшна, но и интересна, се додека ја гледаат од удобноста на својот дом.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.