Милијардерот и сопственик на „Amazon“, Џеф Безос, и неговата девојка Лорен Санчез биле фотографирани на неговата нова суперјахта вредна половина милијарда долари.

Парот бил снимен на шпанскиот брег во понеделникот, а ги фатиле во моменти на опуштање на палубата на јахтата, облечени во костими за капење.

Ова се први фотографии од Безос на неговата нова 70 метри висока и 127 метри долга јахта наречена „Koru“. Станува збор за највисоката јахта на светот, која на себе има и хелиодром, како и базен и поседува капацитет за 18 гости.

Јахтата изобилува со луксузни нешта, па дури и автомобил, скутер, глисер, а наводно има и подморница. Јахтата може да прими 18 гости и екипаж од дури 40 луѓе.

Јахтата освен што вреди половина милијарда долари, за годишно одржување и погон на ова луксузно пловило Безос мора да издвојува околу 25 милиони долари.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.