Видео настанато на плажата Кгари во Австралија многумина изненади, бидејќи на него се гледа како куче динго, нападнало жена која се сончала. Дингото, кое е див вид на куче, на плажата дошло во друштво. Но се одвоило од останатите како би пришло на француска туристка, чиј мирис го заинтересирал. Жената почнала да станува, но дингото тогаш ја каснало. За среќа не било сериозен загриз, а другите луѓе веднаш го избркале животното.

Од Одделот за заштита на околината објавија дека дингото е хумано еутанизирано. Не поради инцидентот, туку тоа што тоа не му било првпат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.