Разгласувајќи ја веста за Христовото воскресение,бијат ли бијат- силно одекнаа црковните ѕвона во градот чувар на македонското православие. Тој радосен глас на полноќ, беше најголема тишина која пробуди чувство на спокој кај секој православен христијанин.

Со мир во душата и љубов во срцето, да простуваме, да се сакаме и почитуваме – Христос воскресе,вака синоќа по полноќ се поздравуваа верниците.Претесни, Божјите храмови,ги отворија ширум портите за оние кои доаѓаа да запалат свеќа-сите со една мисла и иста желба.

Централната богослужба традиционално се одржа на Плаошник во Свети Климентовиот храм,Свети Пантелемон и одтој споменик на верата и убавината кинисаме по тесните калдрмисани сокаци,обиколувајќи ги божјите храмови.Градот живее во духот на Празникот над празниците.

Велигден е празник на радоста и среќата, но и вистинска можност целото семејство да се собере на заедничка трпеза. Охрид од памтивек негува обичаи поврзани за овој светол ден. Велигденската софра е најбогата, во чест на Бога се принесува се што е најубаво.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.