Првиот петок после Велигден и во наредните 40 дена сè до Спасовден е време кога треба да се посети месноста Црн Камен. Се наоѓа во близина на Велес, на дваесетина метри од манастирот „Св. Димитрија“ над утоката на реката Тополка во Вардар се наоѓа. Се влегува дупка, премин, со чиста мисла и желба.

Водопадот кој е висок педесетина метри, според верувањата има исцелителна моќ. Според народните верувања тука се доаѓа за здравје и касмет. Кога се оде првпат, треба да се помине трипати под водата потоа се зема камен кој се чува до наредната година, кога повторно ќе поминете трипати под водопадот.

Застани под карпата кај што тече водата. Ако те намокри, чист си пред Бога, а ако те заобиколи и ниту една капка не капне врз тебе, носиш некој грев на душата,  ова е моќта на светата вода на Црн Камен, велат оние кои го познаваат местото.

Се поминува за здравје, најмногу за здравје на болни дечиња, како и за пород. Треба да се мине трипати.

Инаку, некаде околу 469 години манастирот останал затрупан и велешани го заборавиле но во 1855 година на многу чуден начин бил откопан. Според легендата на стотина метри од манастирот на десниот брег на реката Вардар имало воденица која била во сопственост на турското семејство Кади Молови каде што работел велешанецот Петре Здравев. Него на сон често му се јавувал Св. Димитрија и му велел да оди кај градските власти и да им каже дека се јавува светецот и бара да се откопа затрупаниот манастир. На иницијатива на Здравев чиј гроб денес се наоѓа на влезот во манастирот тој бил откопан и вратен во живот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.