Лавина реакции има откога вчера ечеше турбофолк-музика од шест часот попладнето до два часот по полноќ. Охриѓани коментираат дека се слушало и на три километри од стадионот „Билјанини Извори“, каде што имаше концерт на Девито, Јала Брат и Бубо Корели.

Пред почетокот на концертот се пушташе музика – од Цеца и Северина до стари српски хитови, измиксани со тонови од познати светски хитови.

Освен за гласноста, бурно се реагира и за стилот на музиката што го окупира градот.

Да не должам многу и поедноставно да се изразам!

Оваа калаштурница, невкус и хаос во Охрид, кој моментално се случвит а се случвел и години наназад е срамота за сите нас почнувајќи од локалната самоуправа па се до сите државни институции кој на било кој начин се поврзани со ова безредие кое поттикнува една огромна лавина на некултура!
Трештење на кичерајска музика до 2 насабајле од сите страни во централното градско јадро
и вознемирувањето на сите охриѓани, домашни и странски туристи од кој повеќето дошле во потрага по мир, одмор и пријатно искуство е злочин спрема Охрид и спрема се шо овој духовен и културно-историски центар претставуват!, напиша на својот фејсбук профил Владимир Четкар и самиот музичар, охриѓанец.

Гласниот турбофолк, кој се слушаше од пробите до завршување на концертот, донесе и досетки, но и иронија.

Да му се јавиме на Стојанче Ангелов на 112 да нѐ евакуират ак не?!“, праша охриѓанецот Иљче Затаракоски, познат во јавноста по својата сатира, па во коментари додаде: „Стојанче Ангелов, криза во Охрид. Или нека намалет музика или пуштајте хеликоптери.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.