Словенечките спасувачи имаат полни раце работа. Екипажот на полицискиот хеликоптер кој во најтешките моменти спасуваше луѓе од покривите на поплавените куќи и сега не мирува.

Во погодените подрачја се носат материјал и гориво, а две свињи се спасени од фарма уништена од поплавите.

Полицијата денеска била контактирана од околината на Љубно. Една од тамошните фарми речиси целосно била уништена од разорната поплава, а на фармата преживеале само две прасиња, а полицијата сакала да ги пренесе на безбедно со хеликоптер.

Полицајците поради тоа долетале на тешко пристапното место и ги подигнале животните, јавува „Н1“.

Семејството кое во поплавите ја загуби практично целата своја фарма, штала и земјоделска механизација, а и домот им беше уништен, беше исклучително благодарно. На фармата имало и други животни, но преживеале само две свињи и една кобила, која сама побегнала, соопшти полицијата.

Деновиве воздухопловната единица на полицијата првенствено превезува материјал кој е неопходен за санација во опустошените подрачја.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.