НАСА интензивно трага по каков било сигнал од вселенското летало „Војаџер 2“ откако го изгуби контактот со леталото, коешто во мигов е оддалечено милијарди километри од Земјата.

Американската вселенска агенција, за оваа своја програма, користи огромна антена наречена Комплекс за комуникација со далечната вселена, сместена во Канбера, Австралија. Пред седум дена, погрешен сигнал оттаму предизвикал антената на леталото ненамерно да се оттргне од Земјата, т.е контролорите на НАСА случајно испратиле погрешна команда

. Иако станува збор за многу мала промена, тоа е доволно за да се прекине комуникацијата со „Војаџер 2“.

Со оглед на оддалеченоста, потребни се повеќе од 18 часа сигналот да допатува од леталото до нашата планета.

„Војаџер 2“ беше лансиран 1977 година од Флорида (САД) за да ги истражува тн. надворешни планети во Сончевиот Систем, а тоа се Јупитер, Сатурн, Уран и Нептун. Беше лансиран само неколку недели пред леталото „Војаџер 1“. Инаку, „двојката“ излезе од Сончевиот Систем и влезе во меѓуѕвездениот простор во 2018 година, по откритијата на мноштво нови месечини на Уран, и една на Јупитер.

Антената на НАСА во Канбера наредната недела ќе се обиде повторно да го пронајде „Војаџер 2“ и да ја испрати правилната команда. Ако тоа не успее, ќе треба да се почека до октомври кога леталото автоматски ќе се ресетира со надеж дека тоа повторно ќе ја воспостави комуникацијата со Земјата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.