Хеликоптерот „Генијалност“ (Ingenuity) извршил уште еден пробен лет и слетување на Марс, а целиот процес го снимил роверот „Упорност“ (Perseverance). Беспилотното летало досега заврши повеќе од 50 летови иако се очекуваа најмногу пет лета.
Клучна цел на мисијата „Упорност“ на Марс е астробиологијата, вклучително и потрагата по знаци на микробиолошки живот во минатото“, соопшти НАСА.
Густината на атмосферата на Марс е само еден отсто од онаа на Земјата, што им отежнува на леталата да го направат потребното подигнување за летот. Сепак, експерименталниот хеликоптер „Генијалност“ на американската вселенска агенција НАСА е дизајниран да се крева користејќи ги своите ротори во такви уникатни услови.
Цел на истражувањата се карпите и почвата на Марс, коишто бараат „тела, супстанции и / или примероци за чие потекло е потребен биолошки агенс“. Роверот „Упорност“ неодамна го сними 54-от лет на својот хеликоптер, којшто се случил на почетокот на август. Откако кај „Генијалност“ се појави аномалија, НАСА го направи овој тест за да се увери дека системот за навигација сè уште работи без проблеми, а резултатот е позитивен.
На видеото се гледа како „Генијалност“ ги стартува своите ротори и полетува, а потоа лебди на висина од околу пет метри над површината, пред да слета. „Упорност“ го снимил тој тест од далечина од 55 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.