Во декември 2023 година цените на пиците во ЕУ биле за 5,9 отсто повисоки отколку во истиот месец претходната година, кога овој традиционален италијански специјалитет бил за 15,9 проценти бил поскап во споредба со последниот месец во 2021 година, соопшти Европската статистичка агенција, Евростат по повод Националниот ден на пицата – 9 февруари.

Пиците лани во декември најмногу поскапеле во Унгарија и тоа за 13,4 отсто, по што следат Луксембург каде што цените на овој специјалитет се зголемиле за 11,3% и Летонија за 10,6 проценти.

Единствената држава во Унијата каде што пиците поевтиниле на годишно ниво и тоа за 0,9 отсто е Холандија.

Пред Холандија, на самото дно на листата се Данска каде пиците поскапеле за само 0,6 проценти и Белгија за 1 отсто.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.