Не знам што би направил кога би ја сретнал. Дали би ја плукнал? Мојата плунка е повредна од нејзината цела мизерија!
Боки 13 во вечерашниот поткаст „Лазаров“ конечно проговори за Лила Филиповска.
Поранешниот шоумен и бизнисмен изнесе сериозни обвинувања за водителката со која во минатото беа неразделни.
Сакам да знаете дека таа Лила Филиповска го има наместено Сергеј со полиција и дека го има наместено Сергеј во еден кафиќ тука во центар во близина каде што Сергеј живее.. пред скроз да исчезне и да ги блокира моите родители, односно мајка ми.. Као наводно ѝ забраниле да комуницира со моите, а до тогаш јадела, пиела, спиела, носела ташни и се’ тоа што носела од мене.., обвини Јовановски.
Кога Лазаров го праша како со полиција, тој одговори:
Така, со агент провокатор го повикала Сергеј да се видат… Сергеј видно вознемирен отишол после кај мајка ми.. Она почнала да го прашува и да го испитува за случајот.. за тоа каде завршила торбата она го прашува Сергеј. Притоа во тој момент во празен кафиќ седнува само уште еден човек карши блиску до нив..
Тој во поткастот кажа и дека „џабе ја експлоатира нејзината болест, кога е она малодушна.“.
Кога дојде во суд и кажа дека повеќе не ми била пријател.. Ти бе госпоѓо тргна со мене на одмор, што се промени?, кажа тој мислејќи на патувањето на Миконос кога беше уапсен на граничниот премин.
Изјави дека нема намера да го спушта нивото и да ѝ ги открива приватните тајни..
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.