Шефот за развој на Мерцедес-Бенз, Маркус Шефер за германски „Automobilwoche“ изјави дека, како што стојат работите, Е-класата со своите деривати е последниот модел на Мерцедес-Бенз изграден на платформа со чист мотор со внатрешно согорување.

Најдоцна до 2030 година, Мерцедес има намера да произведува само електрични возила – барем онаму каде што тоа го дозволуваат пазарните услови, што во овој случај е Европа. Досега на оваа платформа се базираа и С и Ц-класата и ќе бидат прекинати на крајот на циклусите на моделот, веројатно дури и пред 2030 година, пишува ревијата „ХАК“.

Новата и најнова генерација на бизнис седанот ќе биде претставена на крајот на годината, а на пазарот ќе се појави на пролет. Сите следни модели од 2024/2025 година се базираат на архитектури специјално дизајнирани за работа со батерии. Под ова име Е-класата се произведува од 1993 година и е сигурен бестселер.

Истовремено, бројот на варијанти на мотори ќе се намали со воведувањето на стандардот за издувни гасови Евро 7. Според Шефер, соработката со Рено завршува. Французите повеќе нема да бидат во игра за развој на мотори за компактни возила. Мерцедес ќе произведува глобален мотор во соработка со кинеската „Гили“ (Geely).

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.