Сопругата на принцот Хари, Меган Маркл, му напишала писмо на британскиот крал Чарлс Трети поради „расизмот“ и малтретирањето во кралското семејство, објави „Телеграф“.
Британскиот весник наведува дека војвотката од Сасекс испратила писма до кралот Чарлс по интервјуто со Опра Винфри. Меган во интервју во 2021 година тврдеше дека имало „загриженост и разговори“ во кралското семејство за тоа колку темна може да биде кожата на нејзиниот син кога ќе се роди.
Винфри потоа праша дали би било проблем ако нејзиниот син е „премногу кафеав“, на што Меган одговори:
Ако тоа е твојата претпоставка, сосема е сигурно“.
По тврдењата, Меган наводно добила писмо од тогашниот принц од Велс во кое тој ја изразил својата тага поради разделбата. Кралот исто така рекол дека е разочаран што Хари и Меган чувствуваат потреба да упатуваат такви гласни и штетни обвинувања, објави „Сан“.
Чарлс, наводно, бил единствениот постар член од семејството кој стапил во контакт со војвотката по тоа интервју. Се смета дека Меган (41) му возвратила на Чарлс, велејќи дека никогаш немала намера да го обвини постариот член на семејството во нејзиното писмо како расист. Но, и покрај таа кореспонденција, Меган чувствува дека не добила задоволителен одговор на нејзината загриженост, вели извор за „Телеграф“.
Принцот Хари на 6 мај ќе присуствува на крунисувањето на неговиот татко, кралот Чарлс трети, но без Меган и нивните две деца, Арчи, кој наполни четири години на денот на крунисувањето на неговиот дедо и Лилибет, која има 22 месеци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.