Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 10 aприл.

Денеска е Св. маченици Теренциј, Африкан, Максим, Помпиј и други.

Во првите три векови од христијанството, едно од најголемите прогонства се случи во времето на императорот Декиј, иако овој владееше само две години, од 249 до 251 година. Во овој краток период настрадаа илјадници христијани, што не сакаа да принесат жртви пред идолите и на тој начин јавно да се откажат од Христа.

Меѓу нив и денешниве 40 африкански маченици кои пострадаа од раката на тогашниот управник на Африка-Фортунијан.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.