Исплашена од крикот на мештаните, мечката се вратила во шумата, а мештаните велат дека често се појавува на места во близина на гробиштата.
Да бевме помалку, мечката сигурно ќе нè нападнеше, вака се исплаши. Се затрча по ридот, се сврте и нѐ погледна набрзина неколку пати. Вториот пат се упати кон нас и се приближи уште повеќе, но повторно се повлече. Луѓето ги фати паника и почнаа да врескаат што мечката многу ја вознемири“, изјавил еден од присутните.
По инцидентот во кој нема повредени, погребот продолжил.
Иако опасноста поминала, мештаните сè уште се плашат од средбата со мечката. Велат дека со оглед на тоа што гробиштата се опкружени со шума, избегнуваат да ги посетуваат гробовите на своите најблиски од страв дека мечката во секој момент може повторно да се појави.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.