Една мачор во рускиот град Саратов стана вистински херој откако го спаси својот сопственик кога избувнал пожар во станот.
Како што соопштија од регионалната управа на Министерството за вонредни ситуации на Русија, откако му го спасил животот на свпојот сопственик, мачкорот по име Пузик останал сам во собатакоја горела и едвај ја избегнал смртта.
Сопственикот на животното им раскажал на спасувачите дека спиел со вклучен телевизор кога наеднаш мачкорот почнал да мјаука, да го гребе и да му ја гризе раката, за да го разбуди. Гога ги отворил очите имал што да види – телевизорот бил во пламен, а станот се полнел со чад.
Во целиот хаос и брзајќи да ги предупреди соседите за пожарот, сопственикот не успеал да го земе Пузик со себе и да го извади од собата.
На крајот, мачорот бил пронајден од пожарникарите како лежи во ќош во грчеви. Тој бил изнесен надвор и спасен со воздушен балон.
Од Министерството соопштија дека, сепак, неговото здравје не е оштетено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.