Околу три тони вселенски отпад, односно најразни остатоци од ракети, се судрија со Месечината, создавајќи масивен кратер и кревaјќи прашина од нејзината површина. Некои научници веруваат дека ѓубрето се движи низ Вселената откако Кина ја лансираше својата прва мисија во 2014 година.

Вселенското ѓубре што падна на подалечната страна на Месечината, која не е покриена со телескопи, поради што стручњаците веруваат дека ќе бидат потребни седмици, а можеби и месеци за да се потврди ударот со сателитски снимки.

Според некои познавачи, отпадот потекнува од Кина, нешто што Пекинг го негира.

Астрономот Бил Греј од САД, кој следи астероиди, тврди дека е сигурен дека се работи за кинеска ракета.

Не гледам како тоа би можело да биде нешто друго – смета тој.

Научниците претпоставуваат дека остатоците направиле кратер длабок 10 до 20 метри на површината на Месечината. А, бидејќи речиси и нема атмосфера, нашиот природен сателит и нема одбрана од судир со метеори, астероиди или други објекти кои би можеле да го погодат. Поради овие услови, нема ниту ерозија, така што кратерите остануваат така засекогаш.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.