Кралот Чарлс би можел да го прекине молкот за принцот Хари во важно интервју за Би-Би-Си. Соработниците на палатата разговараат за можноста новиот британски крал да го искористи интервјуто за да ја даде својата страна на приказната по серијата обвинувања против него и остатокот од семејството, што неговиот син Хари ги направи во своите мемоари и во документарецот на Нетфликс.

Ако палатата се согласи на интервју, Чарлс би можел да му одговори на Хари три години откако започнале неговите обвинувања против Виндзори.

Интервјуто би можело да се случи пред крунисувањето на Чарлс, а шефовите на Би-Би-Си сакаат кралот да ги открие своите желби и планови за владеењето. Наводно, новинарот на Би-Би-Си Џонатан Димблби треба да разговара со кралот.

„Дури и еден мал коментар за Хари и Меган би станал светска вест. Исто така, може да предизвика одговор на Хари, кој би бил непредвидлив, како и многу други. Сè е многу деликатно“, велат извори од палатата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.