Сопругата на британскиот крал Чарлс, Камила Паркер не се чувствува добро.

Според Скај њуз, поради инфекција во пределот на градниот кош и се слошило на кралицата Камила, поради што таа се повлекла од сите свои должности оваа недела, според Бакингемската палата.

Нејзиното височество Кралицата моментално не е добро поради инфекција на градниот кош, поради што нејзините лекари ја советуваа да направи кратка пауза. Со големо жалење затоа Нејзиното Височество мораше да се повлече од сите нејзини ангажмани закажани за оваа недела, но таа се надева на брзо закрепнување за да може да присуствува на настаните закажани за оваа недела. Таа им се извинува на сите кои можеби биле вознемирени или разочарани поради ова“, велат од Палатата, додавајќи дека наскоро ќе објават повеќе информации.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.