Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила ќе присуствуваат на велигденската богослужба во капелата на замокот Виндзор в недела, објавија американските медиуми, цитирајќи претставници на Бакингемската палата.

Ова ќе биде прво големо појавување на 75-годишниот британски монарх во јавноста откако минатиот месец му беше дијагностициран рак.

Официјални лица денеска соопштија дека на Чарлс и Камила ќе им се придружат и другите членови на кралското семејство за време на службата во неделата на Велигден во капелата Свети Ѓорѓи.

Кралот е на редовен третман и ги суспендираше речиси сите јавни ангажмани по дијагнозата на ракот. Претставниците на кралското семејство не открија од каква форма на рак боледувал Чарлс, но рекоа дека болеста не е поврзана со неодамнешниот третман на кој бил подложен на бенигна болест на простатата.

Според претставници на кралското семејство, монархот продолжува да ги извршува своите државни должности, вклучително и редовните неделни состаноци со премиерот Риши Сунак и нема да ги пренесе неговите уставни овластувања како шеф на државата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.