Клиника Жан Митрев ќе донира медицинска опрема за погодените подрачја од земјотресот во Турција. Опремата преку Црвениот Крст ќе биде доставена до деловите каде што е најпотребно.
Освен опремата и медицинските препарати, од Жан Митрев клиника доколку е потребно ќе биде испратен и стручен тим доброволци за помош во кризните центри. За сите активности поврзани со потребната помош за Турција, клиниката е во комуникација со надлежните институции во Македонија.
Серијата земјотреси во Турција кои одзедоа голем број животи, уште еднаш потврдија дека солидарноста е најважна за човештвото. Скопје е град на солидарноста, дел од нас се соочиле со ваква голема несреќа и трагедија и затоа солидарноста треба да продолжи и да се помогне на овие луѓе на секаков можен начин. Изразуваме сочувство до турскиот народ за последиците од овој трагичен настан“, велат од Клиника Жан Митрев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.