Откако „Мекдоналдс“ вчера најави затворање на своите ресторани во Русија, набрзо настанал голем метеж пред нивните локали ширум земјата.

Русите кои побрзале за последен пат да ја консумираат омилената храна во овие ресторани, предизвикале големи гужви во Москва, а на социјалните мрежи се проширија снимки од колони автомобили пред „Мекдоналдс“, како и фотографии од редици луѓе.

„Мекдоналдс“ вчера објави дека ќе ги затвори сите 850 ресторани во Русија како одговор на нападот на претседателот Владимир Путин врз Украина.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.