Еден австралиски пар бил фатен на камера на „Гугл стри вју“ (Google street view) додека имале интимен чин покрај автопатот. На тој начин, тие засекогаш биле забележани на фотографиите достапни на интернет.

Експлицитните слики се направени недалеку од градот Кит, кој се наоѓа приближно на половина пат помеѓу големите градови Аделаида и Мелбурн, пренесува „Њујорк Пост“.

На фотографијата направена од комбето на Гугл се гледа жена со изненаден израз на лицето. Поради лошиот квалитет на сликата, парот не може да се идентификува, па се верува дека тие претрпеле никакви правни последици.

Според законот на Јужна Австралија, се*с на јавно место се казнува со парична казна од 1.100 австралиски долари или со затвор до шест месеци.

Овие фотографии се објавени на „Гугл стрит вју“ уште во 2013 година, но неодамна станаа популарни на „Редит“.

Ти се сè уште достапни на Интернет, но „Гугл“ ги цензурирал по објавувањето на бројни медиуми.гугл стрит вју



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.